facebook

На Терапија

Ное 10, 2024

Не очекувајте обична серија! На терапија е прецизен портрет на траумите, што сите ги носиме длабоко во нас, а ретко се осмелуваме да ги споделиме. Преку интимните сеанси со д-р Виктор Терзиев (Никола Ристановски), навлегуваме во светот на психотерапијата – простор каде емоциите, скриените мисли и болките испливуваат на површина, со сите свои нијанси. И ништо повеќе не е исто.

Секој клиент во ординацијата на д-р Андреј носи своја лична приказна или уште попрецизно – траума. Без разлика дали се работи за љубов, семејни конфликти или долгогодишни тајни, секоја сеанса е мошне деликатна, интимна и сите ликови се соочуваат со својата ранливост. Во овој простор, маските паѓаат, а сите ние можеме да се препознаеме себеси и сопствените борби во болката и крикот за спас на ликовите.

Д-р Андреј работи со своите клиенти 4 дена во неделата а петтиот и самиот оди на терапија.

Преку оваа серија, темите како менталното здравје, емоционалната ранливост и силата на искреното самоприфаќање добиваат простор за разговор, што серијата ја прави неопходна за нашето време.

Подгответе се за длабока, интимна приказна што ќе ве допре до сржта. На терапија, секоја епизода е шанса да го прифатиме најдоброто и да се соочиме со најлошото во нас.

Улоги: Никола Ристановски, Јелена Јованова, Ангела Димитрова, Тони Наумовски, Висар Вишка, Драгана Костадиновска, Бедија Беговска, Амернис Нокшиќи

Режија: Вардар Тозија