
Златен дечко
Кој победува во овој натпревар од животна важност?
“Златен дечко” е филм за младиот и талентиран фудбалер кој е на крстопат – дали ќе го продолжи својот пат кон успехот или ќе падне под тежината на сопствените слабости? Овој интригантен наратив открива свет на големи очекувања, пороци и предизвици, додека главниот лик Денис се соочува со последиците од животниот стил што може да го уништи неговиот сон.
Публиката навива за него, но дали тој навива за себе?
Приказната нуди емотивен поглед на цената на успехот и битките со внатрешните демони, истакнувајќи дека животот не е само натпревар на теренот туку и игра на сила и издржливост надвор од него за која треба ментална сила. Подгответе се за серија која ќе ве поттикне да навивате, да се замислите и да останете до крај. Денис Муриќ и Андрија Кузмановиќ со својата игра, под режисерската палка на Огњен Јанковиќ создаваат приказна која ги надминува границите на спортот и влегува длабоко во човечкото срце.
Фудбалот, како најважната споредна работа на светот е начин да се раскаже приказна за најважните работи на светот, животот и волјата за да се надминат сопствените демони.