
Астерикс на олимписките игри
Возбудлива авантура за сите генерации!
Влезете во светот на древните Олимписки игри преку хуморот и шармот на легендарниот Астерикс, омилен лик од детството кој ни носи нова доза забава и акција! Филмот претставува незаборавно искуство, и во временска машина ќе на однесе назад во периодот на античките Олимписки игри, кога силата и истрајноста биле клучни за победа, но само доколку имате и – магичен напиток!
Астерикс и неговиот верен пријател Обеликс се во нова мисија! Овојпат, нивната задача е да му помогнат на младиот романтичен херој Лавикус да го освои срцето на убавата грчка принцеза Ирина. Но, за тоа да се случи, тој мора да победи на Олимписките игри, каде што ќе се соочи со Римјаните, меѓу кои е и неговиот најголем ривал, наречен Брут, посинето дете на Цезар. Предизвиците се големи, бидејќи правилата на игрите забрануваат употреба на магични напитоци! Дали Астерикс и Обеликс ќе најдат начин да му помогнат на Лавикус? Дали љубовта и пријателството ќе бидат доволни за да победат?
“Астерикс на Олимписките игри” е филм што ќе ве насмее до солзи, но и ќе ве држи будни со возбудливите спортски сцени и брзиот ритам. Комедијата и акцијата се испреплетени со врвни визуелни ефекти и феноменални актери, меѓу кои и Жерар Депардје во улогата на Обеликс, како и познатиот француски комичар Кловис Корнијак во улогата на Астерикс.
Неверојатна комедија, епска акција, високо квалитетна продукција и познати актери кои го оживуваат омилениот цртан филм на големото платно се причина зошто да тргнете на магично патување во светот на Астерикс, каде што комедијата и авантурата се неизбежен дел од секоја сцена!