
Коцки со броеви
ВЕСЕЛА МАТЕМАТИКА ЗА НАЈМАЛИТЕ
Светот би бил многу позабавно место доколку математиката оживее и стане наша најдобра пријателка! Да оживее? Да, да, добро слушнавте. Затоа тука се Коцки со броеви.
Во оваа серија, главните ликови, познати како Коцки со броеви, се блокови со бројки кои оживуваат и ги учат децата преку игри и песни. Секоја епизода ги воведува гледачите во нов број и го истражува неговото значење. Од едноставни активности како броење и формирање геометриски форми, до сложени предизвици како решавање на загатки и патување во вселената, Коцки со броеви ги повикува децата да го откријат волшебниот свет на математиката.
Британската анимирана серија, создадена специјално за деца на возраст од 3 до 6 години, комбинира авантури, песни и едноставни математички концепти за да ги едуцира а воедно и забавува најмалите . Оваа серија, една од најпопуларните на CBeebies, е идеален начин за најмладите да научат броење, собирање, одземање и препознавање на бројки низ интерактивна и креативна приказна.
Програмата е развиена со поддршка од Националниот центар за надареност во наставата по математика, што ја прави не само забавна, туку и едукативна. Со преку 120 епизоди, секоја исполнета со динамика, оваа серија ќе ги одушеви децата, додека истовремено ќе ги поттикне да мислат и да учат.
Дозволете вашите деца да ги истражат тајните на броевите и да се вклучат во забавна авантура каде математиката оживува! Нека коцките со броеви станат омилен дел од нивниот ден!
Улоги: Бет Чалмерс, Шерон Д. Кларк, Тереза Галагер, Размус Хардикер, Дејвид Холт, Марсел Меккала, Ема Тејт, Розали Крег, Грегори Портер, Суз Кемпнер
Режија: Сајмон Тејлор, Вил Кук, Лиза Хаксстеп