
Светот на Биби
Светот каде детството е магија!
Добредојдовте во Светот на Биби – омилената серија која ги поврзува најмалите со образовните и забавни авантури! Со уникатен пристап кон учење и игра, Светот на Биби претставува место каде детската љубопитност и креативност внимателно се поттикнуваат.
Која е Биби?
Биби е малечка, симпатична и љубопитна хероина која со своите пријатели од животинскиот свет ве носи на патување низ светот на фантазијата, учењето и забавата. Без разлика дали станува збор за едукативни приказни, игри или инспиративни активности, Биби е секогаш тука за да ги воодушеви децата и да ги научи на нешто ново.
Биби заедно со Боби, Зази, Зина и Жижи ги учи децата на важни животни вредности како пријателство, емпатија, соработка и грижа за околината. Преку приказните и активностите, децата учат како да станат подобри луѓе.
Воедно Светот на Биби е и првата македонска анимирана серија што се прикажува во странство.
Првата епизода е емитувана во 2018 година а некои од содржините постигнаа над милион прегледи.
Доживејте ја магијата на Биби и придружете се кон нејзината следна авантура исполнета со смеа, радост и нови знаења!
Улоги: Слаѓана Вујошевиќ, Никола Ристановски, Сашко Коцев, Сашка Димитровска
Режија: Гоце Цветановски и Никола Чикос