
Беса
Семејството е сѐ!
Животот на обичниот семеен човек Урош Периќ (Радивој Раша Буквиќ) се менува засекогаш кога ќе предизвика сообраќајна несреќа во која загинува ќерката на озлогласениот шеф на мафијата, Дардан Бериша (Арбен Бајрактарaj). За да ја спаси својата фамилија, Урош мора да го прифати кодексот за чест – ,„Беса“ – крв за крв и да убие пет луѓе по налог на Дардан. Меѓу нив е и инспекторот Петрит Коци (Милош Тимотијевиќ), кој долго време го следи криминалното царство на Дардан.
Во оваа опасна мрежа на криминал, Лука (Милан Мариќ), извршувајќи ја својата задача да ја следи фамилијата Периќ, се заљубува во ќерќата на Урош, Уна (Милица Гојковиќ).
Втората сезона започнува 3 години подоцна, инспекторот Петрит е жив, а неговата партнерка, инспекторката Дивна (Хана Селимовиќ) продолжува да ја следи криминалната империја на Бериша. Семејството на Урош живее среќно и спокојно, но тоа трае кратко кога синот на Дардан, Дритон Бериша (Флорист Бајгора) заедно со неговата десна рака Хашим (Менсур Сафќиу), ја убива неговатa фамилија, одмаздувајќи се за предавството на неговиот татко. Урош се враќа на Балканот, со цел да го убие Дритон и да ја одбрани честа на своето семејство.
Улогите на Реља Поповиќ како Иги, Камка Тоциновски како Ана додаваат нова доза на напнатост, додека интригите се продлабочуваат.
Оваа моќна серија ја истражува важноста на дадениот збор, a низ драматични пресврти и автентични ликови зборува за универзалното прашање: До каде би отишол човек за да го заштити своето семејство?
Улоги: Арбен Бајрактарај, Радивоје Раша Буквиќ, Милош Тимотијевиќ, Флорист Бајгора, Рефет Абази, Хана Селимовиќ, Камка Тоциновски, Милица Гојковиќ, Реља Поповиќ, Милан Мариќ, Менсур Сафќиу, Тристан Халилај
Режија: Тони Џордан, Игор Стоименов