facebook

Најчесто поставувани прашања

Што е Gley?
Gley е прва македонска национална стриминг платформа. Најдобар избор на домашни, регионални и светски филмови, хит серии и детска програма, се на едно место. Сите содржини се преведени на македонски и албански јазик, а посебно внимание посветивме на детската содржина која е натсинхронизирана на македонски и албански јазик.

• ШТО САКАШ — Голем избор на содржини од различни жанрови и формати, изборот е твој.
• КОГА САКАШ — На тросед, во двор, или во движење. Потребна е само стабилна интернет врска.
• КАДЕ САКАШ — ТВ, мобилен, таблет, компјутер. Изборот е твој.
• КОЛКУ САКАШ — Еден филм или цела сезона? Зошто не и двете. Без ограничување, секоја недела нови содржини.

Без грижи! GLEY нуди необврзувачка месечна претплата, без обврзувачки договор, месечни пакети за тебе или твоето семејство. Непрекинато гледање на омилената содржина.

Опушти се со GLEY! Целосно локализиран интефејс и содржина на македонски и албански јазик.

Гледај неограничено, филмови и серии во висока Full HD резолуција и аудио квалитет!
Инсталирај GLEY и уживаj

Како да се претплатам?
Претплатник може да биде секое лице постаро од 18 години. Сѐ што треба е да регистрираш бесплатна Gley корисничка сметка на www.gley.mk. Плаќањето се врши преку: кредитни или дебитни картички на MasterCard® и Visa.

За регистрација и информации за пакетите кликни ТУКА.


Дали плаќањето преку интернет е безбедно?
Да, плаќањето преку интернет е безбедно.

Внесените податоци за платежните картички се пренесуваат во криптирана форма користејќи специјален систем на заштитни протоколи на процесорот Casys International- АД Скопје. Бидејќи процесот се врши преку страниците на банките, информациите од трансакциите во ниту еден момент не се достапни за нашиот систем.


Како да ја сменам платежната картичка?
Платежната картичка можеш да ја замениш со најава на твојата Gley корисничка сметка. Во делот за управување на вашиот профил - Кориснички поставки, Начин на плаќање, кликни во полето Отстрани/Промени картичка.

Дали можам да гледам бесплатно и дали се врши наплатата?
Регистрирај корисничка сметка на нашата интернет страница и активирај го бесплатниот пакет Gley Free со што добиваш пристап до дел од нашите содржини. Бесплатен пробен период корисникот може да добие преку Gley промо ваучер, акциска продажба или друг облик на тековни промоции. За целосен пристап потребно е корисникот да се претплати на еден од понудените пакети, избор на пакет.

Како да активирам Gley ваучер?
Зависно од тоа дали си нов или постоечки корисник, Gley ваучер може да го искористиш на следниов начин:

1. Доколку си нов корисник: РЕГИСТРИРАЈ се на нашата интернет страница www.gley.tv и при НАЈАВА во Начин на плаќање одбери GLEY Ваучер. Внеси го ваучер кодот.
2. Доколку си постоечки корисник и имаш активна Gley корисничка сметка: во Кориснички поставки одбери Ваучери и оператори, одбери поле Gley ваучер и внесеи го ваучер кодот.


Дали можам да го сменам пакетот?
Да. Промена на пакет е претплатничка опција. Најави се на твојата Gley корисничка сметка и во Кориснички поставки одбери Преглед на пакет. Одбери од можноста за Надградба или Намалување на постоечкиот пакет.

Плаќањето беше одбиено. Што да правам?
Во случај на одбиено плаќање провери ја точноста на внесените податоци за платежната картичка и обиди се повторно. Доколку овој проблем и понатаму се јавува, контактирај го издавачот на картичката за можни ограничувања.

Како да ја откажам претплатата?
Претплатата може да ја откажеш во било кое време. Најави се на твојата Gley корисничка сметка на www.gley.mk. Во Кориснички поставки и Преглед на пакет одбери Откажи. Сите содржини ќе ти бидат достапни до истекот од последната наплата.

Како да се претплатам на Gley преку Телекомуникациски оператор?
За активација преку Македонски телеком: Gley пакетот можеш да го активираш преку избор на Дополнителен пакет од менито во МТ приемникот, во МТ контакт центарот или друга МТ апликација. За повеќе информации следи го линкот: https:/www.telekom.mk/gley.nspx

За активација преку А1 Македонија: Обезбеди активациски Gley код преку А1 контакт центар или апликацијата Мојот А1. Најави се на твојата Gley корисничка сметка, во Кориснички поставки одбери Ваучери и кодови, одбери го полето А1 Македонија и внеси го кодот. За повеќе информации следи го линкот: www.a1.mk/gley

Доколку веќе си претплатен на платформата Gley и сакаш да активираш пакет преку телекомуникациски оператор, потребно е претходно да ја откажеш месечната претплата. За актуелните понуди информирај се во контакт центарот на МТ.

Како може да пристапам кон GLEY?
До стриминг платформата GLEY може да пристапиш преку:

- Компјутер или лаптоп користејќи Google Chrome, Safari, Opera или Mozilla Firefox интернет пребарувач.
- LG Smart TV: на сите уреди со webOS верзија 3.0 или понови верзии,
- Samsung Smart TV - Tizen: на сите уреди произведени во 2017 г. или понови,
- Philips Smart TV - Saphi : оперативен систем базирани на NV671 и NV690 платформата произведени од 2020г. до денес, како и на платформата MT5806 од 2019 и 2020г,
- Android TV: на сите уреди со оперативен систем верзија Android 7.0 или понови верзии,
- Hisense VIDAA OS 6.0 или понови,
- Мобилни уреди: Android 6.0 или понови верзии и iOS 10.0 или понови верзии,
- Android MagentaTV Box од Македонски Телеком. Во приемникот е веќе инсталирана апликацијата Gley која може да ја стартуваш откако ќе се претплатиш на еден од понудените пакети.


Каква интернет-конекција е потребна за да стримам на GLEY?
За пристап кон GLEY е потребна широкопојасна интернет-конекција со брзина од најмалку 3 Mbps.

Како да ја инсталирам Gley апликацијата на мобилен телефон или смарт телевизор?
Посети ја продавницата за апликации Play store на Android уредите или App store на iPhone. Преземи и инсталирај ја апликацијата Gley бесплатно. Упатство за активација на апликацијата, во зависност од уредот, може да најдеш на нашата интернет страница - УПАТСТВА

Дали може да гледам содржина од повеќе уреди истовремено?
Зависно од одбраниот пакетот, истовремено можеш да стримаш од 1 или 2 уреди. За информации и избор на пакетите кликни ТУКА.

Не можам да ја стартувам GLEY апликацијата. Што да направам?
Доколку не можеш да ја стартуваш апликацијата провери ги следните параметри: дали GLEY апликацијата на твојот уред е ажурирана со последната достапна верзија, дали интернет конекцијата која ја користиш ги исполнува минималните барања за работа на апликацијата или провери дали твојот уред е на листата поддржани уреди.
На кој јазик е достапна Gley платформата?
Gley стриминг платформата е достапна на македонски, албански и англиски јазик, содржините се со титлуван превод на македонски и албански јазик, а детската програма е натсинхронизирана на македонски и албански јазик.

Јазикот на Gley интерфејс може да се смени во: Кориснички поставки, одбери Корисник, одбери Јазик на апликација.


Дали можам да ја користам платформата Gley во странство?
Да, Gley е достапен во странство НО со ограничен пристап на содржини. За повеќе информации контактирај нé на contact@gley.mk

Дали платформата нуди родителска заштита?
Секоја содржина е обележана според возрасна категорија. Во Кориснички поставки, преку опцијата Родителска заштита, можеш да го контролираш и ограничиш пристапот до содржините кои не се соодветни за одредена возраст. За крај кликни Ажурирај го профилот.

Имам прекин со вчитувањето на содржината. Што да направам?
Ваквиот проблем најчесто се случува поради слаба широкопојасна интернет-конекција, брзината на интернетот, техничките перформанси на уредот што ги користиш или локацијата на која се наоѓаш, ти препорачуваме да ги провериш овие параметри. Доколку проблемот и понатаму постои, контактирај го нашиот центар за корисничка поддршка.

Во каков аудио-видео квалитет се достапни содржините?
Сите содржини се достапни во висококвалитена видео FULL HD резолуција (1080p) и аудио репродукција . Квалитетот може да зависи од типот на уредот од кој стримаш и брзината на интернет-конекцијата.

Дали може да прекинам со гледање на содржината и да продолжам од почеток?
Да, во секој момент можеш да ја гледаш содржината од моментот кога си ја паузирал или да одбереш да гледаш од почеток.

Ја заборавив лозинката. Како да добијам нова?
Доколку си ја заборавил лозинката или сакаш да ја смениш, во формата за најава кликни на линкот Ја заборавивте лозинката?. Следи го упатството од екран и на твојата е-пошта, со која се најавуваш на Gley, ќе добиеш нова автоматски генерирана лозинка која може да ја смениш при следна најава во Кориснички поставки.

Како да го променам ПИН кодот?
Пинот за родителска заштита можеш повторно да го добиеш во било кое време управувајќи со оваа и други достапни функции на твојот кориснички профил. Најави се на Gley и во Кориснички поставки Ресетирај родителски пин. Нов ПИН ќе ти биде испратен на твојата е-пошта.

Како да ја променам мојата е-пошта?
Е-пошта адреса со која си регистриран на Gley можеш да ја смениш во било кое време управувајќи со оваа и други достапни функции на твојот кориснички профил. Најави се на Gley и во Кориснички поставки, Податоци за корисник, внеси нова е-пошта. За крај кликни Ажурирај го профилот.