facebook

5+ Фамилија

Ное 15, 2024

Јухи, јухи, јееееј, КУУУУУЛ забава за најмладите! 

Добредојдовте во светот на Петко, свет за 5+. 

Во една стокатница, во еден голем град си живеат многу дечиња но и едно посебно другарче, кучето што зборува, по име Брзотрчковски Петко.

Петко и неговата дружина, Лина, Лиз, Марија, Комшито, тетка Душка, Детективот секоја епизода ги носат најмалите и најмилите низ чудесни авантури и патувања од кои се учи за другарството, почитувањето на другиот, различноста, еднаквоста и уште многу други важни теми.

А што е најважно, има забава и танц на супер КУУУУЛ музика со 5+ бендот!

Забавна и едукативна, серија наменета за децата но и за возрасните, каде сите заедно растат со авантурите на Петко и неговите другарчиња.

Придружете се на оваа чудесна авантура, во која секое Јухи јухи јеееј ќе ве направи среќни!

Улоги: Билјана Драгичевиќ Пројковска, Ивана Павлаковиќ, Сања Арсовска, Марјан Наумов, Игор Ангелов, Чедомир Митевски, Матеја Јанковска, Сара Климоска

Режија: Игор Иванов Изи