
Бејби Рики
Добредојдовте во магијата на детската фантазија, каде ликовите се играчки кои оживуваат и живеат во својот мал свет. Нивното маало е дневната соба, масичката им е игралиште, а подот креветче – исто како децата кои сакаат да спијат насекаде.
БЕЈБИ РИКИ е анимирана серија со едукативни содржини која низ ликовите ги истражува аспектите на детскиот живот. Од физичка благосостојба до емоционален развој, приказните се базирани на искуства соодветни за возраста на детето и воведуваат вредни образовни концепти во познато опкружување.
Прилагодена за деца од 0 до 3 години, оваа серија ја буди детската фантазија овозможувајќи им да се поврзат со ликовите.
Секоја епизода носи своја поука, а петте млади херои – Краши, Рози, Чичи, Воли и Панди – секојдневно влегуваат во нови авантури.
Запознајте ги ликовите:
Краши
Краши е енергично слатко зајаче кое сака да биде главно. Постојано во движење и разиграно, честопати знае да биде и досадно. Но, учи да биде повниматeлно и грижливо. Неговата љубопитност и љубезност го прават природен лидер.
Рози
Рози – прекрасното прасенце кое сонува да биде принцеза! Обожава да се облекува во убави фустанчиња пред огледалото. И понекогаш знае да биде малку пребирлива – како вистинска принцеза!
Воли
Воли е срамежлива овчичка која обожава да црта. Лесно ги изразува своите чувства и секогаш сака да помогне кога некој е тажен, а самата, честопати, знае да плаче поради ситници!
Чичи
Чичи е тивко и вредно еже, секогаш чисто и уредно! Малку е срамежливо и сака да си игра со другарчињата, но често се плаши да им се придружи и останува сам додека не го повикаат за дружба.
Панди
Панди е паметна и смешна мала панда која секогаш сака да биде во центарот на вниманието! Нејзината палавост е клучна во дружењето со другарчињатa. Многу сака да се шегува и со неа секогаш е забавно!
Серијата, низ песни им помага на децата да ги совладаат вештините соодветни за нивната возраст. БЕЈБИ РИКИ е визуелно привлечна анимирана серија за мали деца и нивните родители, синхронизирана на македонски и албански јазик.