facebook

Хотел Елеон

Ное 25, 2024

Добредојдовте во Хотел Елеон: Драма и хаос на секој кат!

Ако мислите дека хотелите се места за релаксација, тогаш не сте го биле во Хотел Елеон!
Балканскиот заводник, Милош Биковиќ, е во улога на Паша, новопечениот директор кој работата ја добил само за да докаже дека може да работи (и да не ги троши парите на својата тетка!), и е дефинитивно поопуштен отколку што треба. Неговата главна грижа?
Освојувањето на срцето на забавната и опасна – Даша!

Таа не е само собарка: таа е собарка со карактер, црн појас и став што би го заплашил секој „шеф“. Паша е маѓепсан, Даша е на свој пат, и гостите се во тотален хаос!
Оваа серија е урнебесен микс на комедија, хаос и малку романса.
Паша се обидува да управува со хотелот (и да не биде најмрзлив менаџер на светот), а Даша го предизвикува на секој чекор со нејзината решителност и шарм.
Дали тие ќе најдат заеднички јазик или ќе изберат различни патишта? Само еден начин да дознаете – следете ја нивната авантура и подгответе се за непредвидливи моменти што ќе ви донесат многу смеа и изненадувања.

Улоги: Диана Пожарскаја, Милош Биковиќ, Екатерина Вилкова, Олга Кузмина
Режија: Максим Свешников, Антон Федотов, Антон Маслов, Катерина Забулонска