
Котлина
Маестрална приказна од умот на оскаровецот Денис Тановиќ
Создадена од оскаровецот Денис Тановиќ, режисер чие име е синоним за уметничка визија и моќно раскажување, “Котлина” е серија која се издигнува над конвенционалното раскажување. Неговото исклучително дело е препознаено ширум светот, а со “Котлин” тој ја комбинира својата уникатна перспектива со мрачни и мистериозни елементи.
Сместена во живописната, но мистериозна котлина, серијата раскажува сложена приказна исполнета со неизвесност и интриги. Ова е приказна за луѓе, судбини и тајни што се кријат под мирната површина на еден мал град. Како што наизглед обичните настани почнуваат да се одмотуваат, откриваме свет на скриени мотиви, заговори и недокажани вистини кои се закануваат да ја променат судбината на сите инволвирани.
Приказната започнува со убиство во Националниот музеј, а откако инспекторите Едиб и Мидо ќе бидат повикани да ја разрешат мистеријата, ќе влезат во мрежа на корупција и интернационален криминал.
Оваа босанска криминалистичка серија, ќе ве натера да размислувате за човечките слабости, моќта на минатото и судбоносните одлуки што го менуваат текот на животот. Како што мистериите стануваат подлабоки, така и напнатоста расте, а вие ќе бидете отполно вовлечени во приказната од првата до последната епизода.