
М
Фантастична бајка за осамено осумгодишно момче
М е за Марко, а Марко е осумгодишно детенце кое живее во границите на својата магична шума. М е воедно и првиот македонски филм со постапокалиптична тема.
Неговиот татко , посесивен и строг, се труди да го сочува од сознанието за постоењето на реалниот свет. Марко не знае што се случува од другата страна, сè додека еден ден љубопитноста не победи и го натера да истражи што има надвор од границите на шумата.
Така наоѓа едно другарче со кое заедно влегуваат во нова авантура. Барајќи ја својата мајка во свет опустошен од пандемија Марко и неговото другарче со соочуваат Лошите.
Приказна за осаменоста, изолацијата но и потребата од надеж во новиот свет.
Улоги: Сашко Коцев, Матеј Сиваков, Камка Тоциновски, Александар Ничовски, Тони Михајловски, Владимир Тулиев
Режија: Вардан Тозија