
The First
Од сонот до реалноста на човештвото
„Вербата доаѓа прва, дури тогаш можеш да видиш”, оваа моќна мисла го отсликува суштинскиот мотив зад “The First”, драматична серија која ја отсликува најголемата амбиција на човештвото – колективниот сон на осум милијарди луѓе: патување до Марс. Ова не е само приказна за научна фантастика, туку длабока и лична хроника за вербата, жртвите и човечката издржливост.
Секоја голема промена во историјата на човештвото започнува со визија, со сон што го поместува невозможното во сферата на возможното. Во “The First”, гледаме како науката и технологијата се испреплетуваат со длабоки човечки емоции – љубов, загуба, страв, но пред сѐ, верба. Верба дека човекот може да ги помести границите и да направи нешто што светот досега го сметал за недостижно.
Гледајте го тимот на пионери кои ќе го прошират нашето знаење за вселената, туку ќе го постават и темелот за нова ера на човештвото. Водени од лични и колективни мотиви, тие ја прифаќаат својата улога како првите луѓе кои ќе чекорат на туѓа планета. Но, патот кон Марс не е само технолошки предизвик, туку патување низ длабоки човечки искушенија. Секој од членовите на екипажот се соочува со свои демони – загубата на најблиските, предизвикот да се остави зад себе сѐ познато и секако, преживување на еден од најголемите стравови, стравот од непознатото.