Услови на употреба
Содржина
1. Општи услови
Услугата GLEY е достапна преку Интернет, и тоа преку веб-страницата www.gley.mk и одредени приемни уреди (паметни телевизори, таблети, мобилни телефони) наведени подолу.
2. Поими
*физичко лице купувач/потрошувач (во натамошниот текст: „Корисник“) во однос на Услугата.
*Купувач или потрошувач е секое физичко лице кое ги регистрира своите лични податоци со електронски средства преку нарачка и/или поднесува барање за услугата понудена на веб-страницата, а чија нарачка и / или барање, Продавачот ќе ги прифати на ист начин. Купувачот или потрошувачот во понатамошниот текст се нарекува „Корисник“.Посетител на страницата е секое лице кое пристапува на веб-страницата преку електронски средства за комуникација и слободно ја регистрира понудата на производи и услуги без регистрација (во натамошниот текст: „Посетител“).СВОД Мастер како давател на услуги или продавач, односно трговец работи во согласност со позитивните прописи на
Република Северна Македонија. Овие општи услови и услови / Пред-договорното известување се составени во согласност со Законот за заштита на потрошувачите, Законот за заштита на личните податоци, Законот за електронска трговија, Законот за облигациони односи и другите применливи регулативи во Република Северна Македонија.Со користење на веб-страницата www.gley.mk и договарање на услугата се смета дека Посетителот на страницата и / или Корисникот е запознаен со овие Услови на употреба / Известување за пред-договор, како и Правилата за заштита на приватноста и колачињата и истите ги прифаќа.
3. Опфат на услугата
одреден период. Содржината на GLEY.mk може да биде заменета, изменета или ажурирана во иднина. Тековната листа на содржини на Услугата ќе биде достапна на веб-страницата. Промените, модификациите или дополнувањата на содржината на Услугата и други измени на изгледот на веб-страницата не се сметаат за измени во Договорот или Услугата, освен ако со закон не е предвидено поинаку.
Услугата е примарно наменета за територијата на Република Северна Македонија но истата ќе може да се користи и на повеќе географски
локации (во натамошниот текст “Територија“). Содржината што може да биде достапна за преглед ќе зависи од географската локација и ќе се
менува од време на време согласно договереното со добавувачите.
Корисникот има право да ја користи услугата на ограничен број уреди, чиј број ќе биде назначен во Договорот. СВОД Мастер може да имплементира правила за зачестеноста на измените на регистрираните, одобрените уреди од страна на Корисникот. Информации за такви
Правила ќе му бидат доставени на Корисникот.
Услугата може да содржи материјали кои се сметаат за неприкладни за малолетници и кои други лица може да ги сметаат за вознемирувачки.
Секоја содржина има посебна ознака за старосна граница под која на таа содржина не треба да пристапат деца без ангажирање, надзор и согласност на родителите или старателите. Пристапувањето кон ваквата содржина, може да се остварува преку Лозинка или ПИН код, а
родителите, старателите или други возрасни лица се исклучиво одговорни за користење на овие медоти на заштита на децата.
Квалитетот на приказот на содржината може да варира од уред до уред и може да биде под влијание на различни фактори, како што се
локацијата на корисникот, Интернетот (широкопојасна мрежа достапна преку интернет-конекција) и / или брзината на интернет-врската на
корисникот. Во зависност на типот на уредот се испорачува соодветен квалитет на слика. Достапноста на HD снимка зависи од интернет-услугите и можностите на уредите на корисникот. Корисникот е одговорен за сите трошоци за пристап до Интернет. За информации за можните трошоци за користење на Интернет податоци, Корисникот може да контактира со неговиот оператор на интернет-услуги.
Корисникот може да ја користи Услугата само за негова лична употреба и согласно овие Услови за користење, но не смее: да ја користи
Услугата за комерцијални или јавни цели; да ја користи Услугата за кои било незаконски или несоодветни цели; да ја копира/репродуцира, зајмува, продава, емитира или на друг начин дистрибуира, уредува или на кој било друг начин ја пренесува или прилагодува содржината на
Услугата; да заобиколува, модифицира, отстранува, менува или на кој било друг начин да манипулира со кое било обезбедување, енкрипција
или друга технологија или софтвер кој е дел од Услугата; на друг начин да ја користи Услугата, повредувајќи ги авторските права, другите права или Условите за користење.
Само одредени видови на уреди може да се користат и регистрираат за Услугата. СВОД Мастер го задржува правото од време на време да
одлучи кои уреди се сметаат за одобрени врз основа на моменталното ниво на технички развој и стандарди.
Пристапот и конзумирањето на содржини преку услугата на GLEY е можен преку смарт телефони и таблети (iOS 10 и понови, Android 6 и понови) персонални компјутери (Windows 7 и понови Mac OS X v. 10.7 и понови, со користење на најновата верзија на стандардни интернет пребарувачи: Chrome, Microsoft Edge, Mozilla, Safari) и смарт ТВ приемници (Samsung, LG, направени во 2017 и понови, Philips, Hisense) и АндроидТВ уреди (Android 7 и понови). За подетални и најнови информации, кликни тука.
СВОД Мастер не доставува сопствени уреди и не презема никаква одговорност за перформансите на одобрените уреди или за нивна постојана
компатибилност со Услугата и нејзиното ажурирање.
За да ја користи Услугата, Корисникот мора да ги има потребните и одобрени системи, врска и опрема. Спецификацијата на тековните системски побарувања е достапна на веб-страницата. Сепак, исполнувањето на овие системски барања не гарантира дека корисникот ќе може да ја користи услугата на неодредено време и од причини што не се под контрола на СВОД Мастер. Користењето на услугата може да бара од корисникот да инсталира софтвер од трета страна.СВОД Мастер ќе овозможи информација на веб-страницата за тоа кој софтвер од друго лице може да се користи, но СВОД Мастер не е одговорен за софтверот на другото лице и за неговото ажурирање.
Услугата бара корисникот да има пристап до потребната интернет-врска. Корисникот е одговорен за сите трошоци поврзани со таквата врска,
вклучувајќи ги и трошоците за сообраќај на податоци, без оглед на тоа каде се користи услугата. Спецификацијата за барање на минималната
Брзина на преземање што е потребно за користење на услугата е достапна на веб-страницата.
За да се користат услугите на веб-страницата, корисникот треба да се осигура дека неговиот приемен уред функционира правилно, дека е
поврзан на Интернет, дека се инсталирани важечките апликации на него и дека има соодветен компјутерски софтвер, во зависност од типот и
моделот на приемниот уред. Услугата е достапна само додека приемниот уред е поврзан на Интернет, без оглед од типот на конекцијата, која,
меѓу другите, може да вклучува: мобилна и фиксна мрежна инфраструктура, домашна инсталација, безжична конекција, хотспот и тн.
Корисникот е свесен за фактот и прифаќа дека користењето на услугата бара висококвалитетен Интернет пристап и дека, во зависност од
квалитетот на Интернет конекцијата, Услугата може да не биде секогаш достапна под еднакви услови и со еднаков квалитет.
приватност и колачиња како делови од Договорот.Договорот се склучува по електронски пат. Договор ќе биде склучен на македонски и на
албански јазик. Корисниците се запознати дека нивните лични податоци се обработуваат согласно важечката Политика за лични податоци која
што е достапна на веб-страницата.
Договорот помеѓу корисникот и СВОД Мастер се склучува во моментот кога СВОД Мастер, како продавач, прифаќа и му доставува на
Корисникот потврда за прифаќање на нарачката за Услугата. Имено, по нарачката на услугата, Корисникот ќе испрати потврда за Претплата / Договор на e-поштата дадена од Корисникот за време на регистрацијата, која ќе содржи потврда дека сметката за платежна картичка е задолжена како и информации за клиентот (корисничко име и е-пошта).
СВОД Мастер го задржува правото да одбие да склучи договор или веднаш да го раскине договорот со Корисникот доколку Корисникот
претходно ги прекршил Општите услови и правила. Само физички лица постари од 18 години и кои живеат на Територијата предвидена погоре
можат да склучат договор со СВОД Мастер за обезбедување на услугата. Малолетните лица можат да ја користат Услугата само под надзор
на возрасно лице.
6. Регистрација, корисничко име и лозинка
Податоците на ИП-адресите можат повремено да варираат, и затоа СВОД Мастер не може да се смета за одговорен во случај корисникот
времено да не биде во состојба да пристапи на одредена содржина поради такви причини. Кога се регистрираат и ја користат услугата, од
корисниците се бара да обезбедат комплетни, точни и прецизни информации.
При регистрација од Корисникот ќе се бара да обезбеди информации и за начинот на плаќање.Очигледни грешки на внесени податоци ќе се
проверуваат и Корисникот ќе биде известен за нив. Без оглед на тоа, Корисникот е должен да ги прегледа и да ја потврди точноста на неговите
податоци доставени во текот на постапката за регистрација.
По регистрацијата, од корисникот ќе бидат побарани сите или некои од следниве информации: име, презиме, е-пошта, лозинка, број на
Кредитна / дебитна картичка, код CVV / CCV, датум на истекување на кредитна / дебитна картичка и име на сопственикот на картичката,
детали поврзани со избраниот начин на плаќање, како што се детали за сметката на плаќачот, кодот за ваучер или какви било други информации што може да бидат потребни за да се заврши регистрацијата (во натамошниот текст: „Информации за најава“).
Информациите за најавување на корисникот се лични и не може да се користат од трето лице. Корисникот ќе ги зачува информациите за
најавување за да ги заштити од неовластен пристап. Корисникот е одговорен за какво било користење на Услугата преку неговата корисничка сметка.
Со споделување на лозинката за услуги или дозволување на другите да пристапат до нивната сопствена корисничка сметка, имателот на
корисничката сметка потврдува дека презема одговорност членовите на домаќинството или други лица кои имаат пристап до неговата сметка
за услуги да се однесуваат во согласност со условите наведени во Општите услови и Политика на приватност и е одговорен за нивното однесување.
Услугата, доколку тоа биде достапно.
За да ја користи Услугата, корисникот мора да регистрира корисничка сметка на веб-страницата www.gley.mk и да има пристап до опремата,
системот и врските и да овозможи исплата на претплата во согласност со Општите услови. Доколку Корисникот не ја откаже претплатата пред
датумот на наплата, тој го овластува СВОД Мастер да ја наплаќа претплатата за следниот циклус.
GLEY е услуга која се наплаќа во вид на обновувачка претплата.
Обновувачка претплата е вид на претплата што Корисникот може да ја активира со кредитна / дебитна картичка и која автоматски се обновува
секој месец со можност за откажување на Услугата во секое време. Доколку Корисникот сака да ја откаже претплатата за обновување, таа мора да се откаже на соодветното место во корисничката сметка. Со откажување, Корисникот ја откажува Услугата на која претходно се претплатил, но Сепак е активна до датумот на истекување на Услугата.
Исто така, СВОД Мастер не е обврзан да ги врати парите што се платени за претплатата за обновување по откажувањето на Услугата, односно за месецот во кој Услугата е откажана затоа што е активна до истекот на рокот на истиот месец.
СВОД Мастер го задржува правото да дозволи бесплатен пристап или бесплатен пробен период до цела или лимитирана содржина на GLEY
наменета за нови или некои поранешни корисници со цел да ја испробаат услугата преку промотивни продажни кампањи, ваучер или друг облик на промоција. СВОД Мастер го задржува правото да го определи обемот и времетраењето на пристапот на пробниот период по сопствено уверување.
Доколку Корисникот се стекнал и користи временски пробен период и не го раскине Договорот пред денот на истекување на истиот, тогаш
Договорот автоматски ќе биде трансформиран во вообичаена месечна претплата.
Доколку не е поинаку регулирано, а се однесува на тоа дали Корисникот се стекнал со бесплатен пробен период, Првата уплата на претплатата
ќе се изврши на денот кога Корисникот ќе склучи Договор, а следните претплати на Услугата за претстојниот месец ќе бидат направени однапред на истиот ден во секој месец што одговара на денот на Договорот за услуги. Ако таков ден не постои во тој месец, последниот ден од тој месец е датумот на плаќање.
Ако Клиентот не обезбедил доволно средства на датумот на достасување, СВОД Мастер ќе обезбеди известување за „неуспешна исплата“ на
е-поштата на клиентот при регистрација и СВОД Мастер повторно ќе се обиде да наплати надомест – не повеќе од 5 (пет) пати – со користење на методот на наплата што корисникот го избрал. Доколку плаќањето не се изврши на време, СВОД Мастер Скопје има право веднаш да го раскине или ограничи пристапот на Корисникот до Услугата или веднаш да го раскине договором.
– Начин на плаќање
Плаќањето се врши преку: Кредитни или дебитни картички MasterCard® и Visa. Податоците кои ги внесувате при плаќањето од Вашата платежна картичка не се зачувуваат или пренесуваат преку нашите сервери. Трансакциите се процесираат преку техничкото решение на Комерцијална банка АД Скопје, во соработка со Интернационален Картичен Систем АД КаСис, кое е сертифицирано од VISA и MasterCard за процесирање на трансакции што ќе овозможи плаќање услуги со платежни картички во реално време, преку веб страницата.
Во моментот кога го вршите плаќањето и ги внесувате податоците истите се процесираат преку безбедносниот протокол на банката и за нас не
се видливи податоците од Вашата платежна картичка, единствена информација за Вашата трансакција која е видлива за нас е Вашето Име и
Презиме од платежната картичка, последните 4 броеви од картичката и сумата на која е извршена трансакцијата, додека сите останати се
Енкриптирани.
9. Услови на Договорот и престанок
Доколку Корисникот користи бесплатен пробен период, претплатата почнува да тече првиот ден по завршувањето на Промотивниот временски
пробен период и автоматски се продолжува за еден месец сѐ додека корисникот или СВОД Мастер не го прекинат Договорот.
Доколку Корисникот сака да го раскине Договорот, СВОД Мастер мора да биде известен преку е-пошта, или, доколку СВОД Мастер овозможува таква алтернатива, преку веб-страницата на линкот. Во случај Корисникот да иницира раскинување на Договорот, СВОД Мастер ќе му испрати на Корисникот потврда преку е-пошта на крајот од периодот на претплатата. Доколку СВОД Мастер сака да го раскине Договорот, тогаш тој е должен да го извести Корисникот преку е-пошта. Договорот ќе се раскине на крајот на тековниот период за кој е склучен Договорот.
Под овде предвидените услови, СВОД Мастер има право да го раскине Договорот и истовремено Услугата веднаш да ја направи недостапна за
Корисникот во кои било од наведените случаи:
– Корисникот доцни со плаќањето најмалку три дена;
– Постојат разумни основи за претпоставка дека Корисникот е инсолвентен,
– Корисникот го злоупотребил Бесплатниот пристап, Промотивниот пробен временски период или неговите услови;
– Постои неовластено користење на Услугата или постојат разумни основи да се претпостави дека такво неовластено користење се случува,
– Корисникот се обиде да го користи Пробниот период повеќе од еднаш (1) во текот на период поврзани од дванаесет (12) месеци, или Корисникот на друг начин изврши битно прекршување на Договорот, или го повтори прекршувањето на Договорот.
Измената која се однесува до содржината е значителна кога количеството на содржината покриена со Услугата е драстично намалена или
сеопфатната ориентација на содржината е значително сменета. Истекот или престанувањето на лиценцата за одредени програми или серии,
или одлука да не се изврши продукцијата или да не се вклучат понатамошни сезони на одредени серии не се смета за битна измена. Значителна
измена е само таа измена која за резултат ќе има значително намалување на сите наслови вклучени во Услугата. Значително намалување подразбира намалување од 50 % или повеќе од сите наслови во однос на целата содржина опфатена со Услугата.
Корисникот ќе биде известен за измените поврзани со висината на надоместокот или содржината преку е-пошта наведена од страна на Корисникот најдоцна во рок од триесет (30) дена пред таквите измени да стапат на сила. Заедно со таквата измена, Корисникот има право да го
раскине Договорот со дејствие на ден кога измената ќе стапи на сила. СВОД Мастер е должен да го извести Корисникот во своето известување за неговото/нејзино право да го раскине Договорот.
Доколку Корисникот не го раскине Договорот пред стапување на сила на таквата измена, се смета дека Корисникот ја прифаќа измената.
Во случај на предвремено престанување, каде Корисникот го извршил плаќањето кое се однесува на период по истекот, СВОД Мастер ќе го врати останатиот износ во рок од триесет (30) дена од истекот на Договорот.
рок од седум (7) дена од датумот на настанување.СВОД Мастер нема да биде одговорен за мешање и слаб квалитет или неспособност на
услугата предизвикана од Корисникот со употреба на несоодветна или неисправна опрема и / или постапување спротивно на дадените упатства, и/или грешката настанала поради небрежност на корисникот или трети лица.
СВОД Мастер нема да биде одговорен за намалување на квалитетот на дадената услуга и прекини, одложувања или други грешки доколку
настанале поради објективни причини што не може да се предвидат, избегнат или отстранат (виша сила).Корисниците немаат право на никаков
надомест во случај на мешање, прекинување и други грешки на Услугата, кои се резултат на редовно одржување на системот. Системот бара
редовно одржување до 5 часа месечно, што се изведува од 6:00 до 8:00 часот наутро.Во случај на ненадеен технички проблем што може
значително да влијае на испораката на услугата, можно е итно одржување на системот.
Доколку итното одржување трае непрекинато подолго од 24 часа, корисниците кои го бараат тоа имаат право на пропорционално намалување
на претплатата, освен ако итното одржување не е предизвикано од околности надвор од контролата на GLEY.mk (виша сила). Итно одржување:
може да се врши во кој било момент доколку постои итен технички проблем кој може да има последици на достава на Услугите. Во текот на
тековните одружувања, Услугата може да биде недостапна.
Во случај на такви прекини, застои и други грешки за кои е одговорен СВОД Мастер и за кои Услугата е неупотреблива за непрекинат период
подолг од 24 часа, корисниците кои го бараат тоа имаат право на пропорционално намалување на претплатата.
ги користат содржините само во согласност со овие Услови за користење. Услугата на GLEY се состои од содржина создадена од СВОД Мастер,
односно содржина за која СВОД Мастер има права за користење.
Сите овие содржини се заштитени со авторски и сродни права. Секоја промена, изнајмување, продавање или дистрибуција на содржини не е
дозволена без претходна писмена согласност од СВОД Мастер. Ако корисникот верува дека авторските или сродни права се повредени, тие се
обврзани да го известат СВОД Мастер за тоа што е можно поскоро.
Ако СВОД Мастер востанови дека корисникот ја користи или дистрибуира содржината без авторизација, СВОД Мастер има право привремено и
без предупредување да го забрани пристапот до таа содржина на индивидуалниот корисник, и да започне судска процедура со цел да добие
Обештетување.
контакт информации наведени подолу или некои други контакт информации достапни на веб-страницата.
Корисникот и СВОД Мастер се должни прво да се обидат да решат каков било спор кој произлегува од овој Договор по мирен пат. Доколку
страните не можат да се договорат, спорот ќе биде решен пред надлежниот суд во Република Северна Македонија. Врз Договорот се применува правото на Република Северна Македонија, освен ако поинаку не е предвидено. Корисниците имаат право на одредена заштита на потрошувачите и примена на други обврзувачки одредби врз основа на правото на Република Северна Македонија.
Со СВОД Мастер можете да контактирате преку следнава адреса: Јуриј Гагарин 31Б/2-3 Скопје или преку е-пошта: contact@gley.mk. Во случај на раскинување на Договорот, поплаки или барСо СВОД Мастер можете да контактирате преку следнава адреса: Јуриј Гагарин 31Б/2-3 Скопје или преку е-пошта: contact@gley.mk. Во случај на раскинување на Договорот, поплаки или барања, Ве замолуваме да користите следниот контакт: contact@gley.mk.
GLEY.mk може да испрати известувања до Корисникот преку е-пошта или со објавување на веб-страницата. Корисникот е должен да ги ажурира
своите контакт информации, доколку тие се сменат во текот на користењето на Услугата. Ќе се смета дека GLEY.mk ја исполнил својата обврска за давање известувања со праќање на известувања на последна дадена адреса за е-пошта на Корисникот, без огледа на тоа дали Корисникот сѐ уште ја користи таа адреса или таа повеќе не се користи.ања, Ве замолуваме да користите следниот контакт: contact@gley.mk.
GLEY.mk може да испрати известувања до Корисникот преку е-пошта или со објавување на веб-страницата. Корисникот е должен да ги ажурира своите контакт информации, доколку тие се сменат во текот на користењето на Услугата. Ќе се смета дека GLEY.mk ја исполнил својата обврска за давање известувања со праќање на известувања на последна дадена адреса за е-пошта на Корисникот, без огледа на тоа дали Корисникот сѐ уште ја користи таа адреса или таа повеќе не се користи.