facebook

Глеј и Движи

Мај 16, 2025

Новиот видео серијал „Глеј и движи“ е најновата понуда на GLEY, креирана со идеја да понуди рамнотежа помеѓу дигиталната забава и грижата за телото. Проектот е резултат на соработка со познатата јога инструкторка Лејла Рамковска и тим од сертифицирани тренери и инструктори.

Серијалот вклучува осум видеа, со времетраење од 15 до 30 минути, дизајнирани за различни нивоа на физичка активност. Корисниците ќе најдат содржини како:

✔ Јин јога и движечка јога медитација

✔ Брзо кревање на енергијата

✔ Јакнење на целото тело

✔ Флексибилност и мобилност

✔ Утринско будење за свежа енергија

✔ Силно и стабилно јадро

✔ Медитација за намалување на стресот

„Глеј и движи“ ја означува првата фаза од нашата нова иницијатива – GLEY како платформа што, покрај врвна содржина за забава, активно се грижи за благосостојбата и здравјето на својата заедница.

Во иднина, серијалот ќе се проширува со нови видеа и разновидни активности во соработка со сертифицирани инструктори и експерти. Целта е да понудиме сеопфатна, инспиративна и достапна програма, која мотивира и поттикнува движење – во секое време, на секое место.

📺 Достапно СЕГА на GLEY.