
Нинџа Желки
ЧЕТИРИ ЖЕЛКИ. ЕДЕН СТАОРЕЦ – ВРЕМЕ Е ЗА НИНЏА АКЦИЈА!
Замислете свет во кој четворица браќа, мутирани желки создадени по чиста случајност и чувани во тајност, стануваат хероите што го штитат својот град од сенките. Но, нема потреба да замислувате – тој свет веќе постои!
Леонардо, Рафаело, Донатело и Микеланџело се тинејџери кои не припаѓаат во обичниот свет. Нивниот учител и старател, Сплинтер, стаорец, ги тренира како вистински нинџи, но ги предупредува: човечкиот свет не е подготвен за нив.
Запознајте ги желките:
Леонардо – лидерот, секогаш спремен да го одбрани своето семејство и да ја предводи битката. Неговите катани се симбол на чест и одговорност.
Донатело – мозокот на тимот, технолошки гениј кој секогаш има решение. Неговиот стап можеби изгледа едноставно, но во неговите раце е моќно оружје.
Рафаело – бунтовникот со жесток темперамент, кој честопати дозволува емоциите да го водат, но никогаш нема да дозволи некој да ги повреди неговите браќа. Неговите саи се симбол на неговата моќ.
Микеланџело – најоткачениот и најзабавниот член на тимот, кој никогаш не пропушта шанса за добра шега… или парче пица! Неговите нунчаки се подеднакво брзи како неговиот ум.
Кога градот е загрозен, тие се единствената надеж!
При првото излегување во градот, Донатело ја здогледува Ејприл – храбро девојче кое веднаш му го привлекува вниманието. Но, судбината не им дава време за запознавање – мистериозниот клан Кранг ја киднапира неа и нејзиниот татко. Желките успеваат да ја спасат Ејприл, но нејзиниот татко не. Тогаш започнува нивната вистинска мисија: да го спасат градот и да се соочат со најголемиот непријател – Секачот!
Низ секоја епизода, желките се борат со нови закани, учат важни животни лекции и докажуваат дека семејството и храброста се најсилното оружје.
– Часовите со Сплинтер учат дека треба да ги слушаме родителите.
– Битките на улиците докажуваат дека секоја одлука носи последици.
– Нинџа кодот покажува дека храброста, лојалноста и пријателството секогаш победуваат.
НИНЏА ЖЕЛКИ (TMNT 2012) – Глеј СЕГА!
Улоги: Грег Сајпс, Роб Полсен, Шон Астин, Џејсон Бигс, Хон Ли, Џош Пек, Меј Витман
Режија: Чиро Ниели, Џошуа Стернин, Џенифер Вентимилија