
Мементо
Психолошки трилер кој ќе ви го тестира умот
Под режисерската палка на Кристофер Нолан, “Мементо” е еден од најоригиналните и најинтелигентните филмови на новото време. Овој психолошки трилер ги руши сите правила на класичното раскажување, доведувајќи ве на патување низ изопаченото, фрагментирано сеќавање на еден човек кој страда од ретко нарушување на краткотрајната меморија.
Главниот лик Леонард Шелби кој го толкува Гај Пирс, е човек кој по трагична несреќа во која неговата жена е убиена, не може да формира нови сеќавања. Во обид да ја пронајде вистината за убиството на неговата сопруга, Леонард се потпира на белешки, фотографии и тетоважи кои си ги оставил самиот на себе за да го водат низ деновите, додека реалноста и илузијата постојано се судираат.
Што го прави „Мементо“ исклучителен е неговата уникатна структура: филмот се раскажува наназад, со што гледачот се впушта во истата конфузија како и главниот лик, постојано преиспитувајќи ги случувањата. Нолан вешто ја манипулира хронологијата, создавајќи напнатост и мистерија која кулминира во неочекувано откровение.