
Still Waters
ВО ДИГИТАЛНИОТ СВЕТ, НИКОЈ НЕ Е БЕЗБЕДЕН
Група на тинејџери се собираат кај својот школски другар, кој организира забава во својот дом – која е сѐ само не обична забава. Тинејџерите се често жртви на сајбер-булинг, а од тоа следуваат последици.
Маријана е девојка која од неодамна е преселена со мајка си од Талин во далечен двојазичен град во Русија. Иако незадоволна од промената, со цел да се вклопи во новата средина, таа ја прифаќа поканата за забавата на својот соученик од последната клупа, Дима.
Кога една од девојките почнува да добива вознемирувачки пораки, атмосферата се менува. Следната мета станува токму Маријана. А кога исчезнува девојката на нејзиниот полубрат Јонас, таа станува првиот осомничен – преку нејзините пораки.
Со цел да ја докаже својата невиност, Маријана зпочнува да ги следи трагите, откривајќи дека зад уцените и пораките стои нешто многу поголемо – мрежа на манипулации, моќ и институционални тајни кои го надминуваат обичниот тинејџерски конфликт.
МИРНИ ВОДИ е серија што го истражува мрачното влијание на социјалните мрежи, кревката природа на довербата и колку е лесно нечиј живот да биде уништен само со една порака.
МИРНИ ВОДИ (STILL WATERS) – сега на Gley!